fbpx

СДСМ бара да нема блокади на патот кон ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ нови избори

Од владеачката партија СДСМ, информираат дека во перспектива, со забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од овие што ги имаме досега

-

С. Македонија, во досегашниот евроинтегративен процес, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помош за ублажување на економските последици од пандемијата, образовни и други програми искористила над 1,2 милијарди евра од европските фондови. Од владеачката партија СДСМ информираат дека во перспектива, со забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од овие што ги имаме досега.

„Блокадата на уставните измени од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ. Блокадата на продолжувањето на европскиот пат, не само што предизвикува изолација на државата и застој на евроинтеграциите, туку значително неповолно ќе влијае на економските придобивки за економијата и граѓаните“, велат од СДСМ и посочуваат дека ја ускратуваат шансата за голем скок на платите и раст на животниот стандард на граѓаните.

„Првите пет години по членството, кај државите од ЕУ, стапките на раст на БДП се зголемиле од 80 до 90 отсто, но во случај на непродолжување со интеграциските процеси, тие стапки за нашата држава може да останат недостижни, исто како и отворањето на вратите кон европскиот пазар со 500 милиони потрошувачи за македонските компании“, велат од СДСМ.

Од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, пак, велат дека, на граѓаните им е преку глава од порази во сите сфери на живеење и бараат нови избори по кои новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе почне да ги решава напластените проблеми.

„Дното е постигнато веќе од поодамна, а со неприфатливите измени на уставот, под бугарски диктат, веќе е постигната кулминација на незадоволството. Поразите на владата, освен за уставните измени, така и во економијата, здравството, образованието, правдата, стопанството и стандардот за живот, се длабоки и непоправливи, се повеќе секој ден, ако оваа гарнитура остане на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на партиски настан во Кичево изјави дека по изборите земјата треба чесно да се води и дека веќе нема време за бизнисмени во политика. Мицкоски, исто така, рече дека Европа и светот прават стратегија како да го скршат ВМРО-ДПМНЕ за нивните 44 пратеници да ги изгласаат, како што вели, „предавничките уставни измени во Парламентот скроени по бугарски диктат“.

Од СДСМ одговорија дека Мицкоски е класичен анти-ЕУ политичар, а Европа и светот му се виновни за неговиот неуспех.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...