fbpx

Само 4 нови случаи на ковид-19, оздравеле 68 пациенти, почина едно лице

-

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а се регистрирани 4 нови случаи на ковид-19, по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани.

Регистрирани се 68 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (80), кое починал во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...