Соединетите Американски Држави се залагаат за дипломатско решение на севернокорејската криза, изјавил денеска американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, јавуваат светските агенции.

„Наша цел е ова прашање да се реши по дипломатски пат“, рекол шефот на Пентагон на прес-конференција во Њу Делхи.

Сепак, тој додал дека САД истовремено ја задржуваат можноста да одговорат на најопасните закани на Северна Кореја.

Инаку, Белата куќа синоќа ги отфрли како „апсурдни“ обвинувањата на Пјонјанг дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ објавил војна на Северна Кореја.

Советот за безбедност на Обединетите нации неодмна воведе нов пакет санкации против Северна Кореја, откако Пјонјанг во јули ја изврши шестата, најголема нуклеарна проба и лансираше повеќе балистички ракети.