fbpx

Родителите ги носат децата на вакцина, засилена е кампањата за вакцинирање против пертусис

Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) информира дека има четири нови случаи на голема кашлица, со што вкупната бројка на регистрирани заболени сега е 28

-

Болеста пертусис (голема кашлица) е вакцино-превентабилна и токму поради тоа изминативе денови во тек е кампања со која се пребаруваат вакциналните пунктови и се повикуваат родителите на деца кои не ги примиле сите дози вакцина, тоа да го сторат што поскоро. Во меѓувреме, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) информира дека има четири нови случаи на голема кашлица, со што вкупната бројка на регистрирани заболени сега е 28.

Во меѓувреме, за состојбата со болеста, бројот на случаи како и за бројот на вакцинирани, еднаш неделно (секој петок) ќе известува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на нивната веб-страница.

„Ова не е нова болест и затоа нема потреба да се известува за нови случаи на дневно ниво. Треба да има пријава, па ние мора да го потврдиме случајот, кој потоа и епидемиолошки се истражува, а за сето тоа е потребно време. Она што е важно е дека периодов е засилена кампањата за вакцинација, се пребаруваат вакциналните пунктови, интензивирано е барањето на невакцинирани деца, чии родители се повикуваат да дојдат на вакцина. Кампањата дава резултат, сè повеќе деца се носат на примање вакцина“, информираат епидемиолози за Мета во ИЈЗ.

На 10 февруари Мета објави дека нема друго решение за оваа болест освен вакцинацијата. Епидемиолозите инсистираат на вакцинирање на населението, по предлогот на Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија на голема кашлица во главниот град. Според нив, децата не смеат да одат невакцинирани во градинка, ако сакаме да не се соочуваме со епидемии на болести кои се опасни по здравјето и животот и за најмалите и за возрасните.

Д-р Кристина Ставридис од Институтот за јавно здравје, изјави дека родителите треба да ги проверат вакциналните картончиња на нивните деца и доколку пропуштиле доза на вакцина или воопшто не ги вакцинирале, веднаш да се јават во вакциналниот пункт и да го вакцинираат детето согласно Календарот за вакцинација.

„Појава на случаи на пертусис не е невообичаено, посебно сега кога во регионот и Европа се регистрираат епидемии и зголемен број на случаи, а особено во ситуација кога се соочуваме со намалување на опфатот со вакцинација“, рече таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...