Робин Вилијамс е најинтересна личност за 2014 година

На листата која е составена врз основа на пребарувањето на 100 милиони корисници од целиот свет втора е Џенифер Лоренс, а трет е сопругот на Бијонсе, раперот Џеј З

Името на починатиот актер Робин Вилијамс најмногу било пребарувано на интернет во 2014 година, објави магазинот „Холивуд реппортер“.

На листата која е составена врз основа на пребарувањето на 100 милиони корисници од целиот свет, втора е  Џенифер Лоренс, а трет е сопругот на Бијонсе, раперот Џеј Зи.

На четвртото место е американската старлета Ким Кардашијан, а зад неа е комичарката Џоан Риверс.

Меѓу десетте најинтересни славни личности на интернет се и рагбистот Реј Рајс, кој стана популарен откако ја малтретираше својата девојка, по него е холивудската убавица Анџелина Џоли, а последните три места во елитната десетка ги пополнуваат Рене Зелвегер, Кејт Мидлтон и Дерек Џетер.