fbpx

Рилкоски: Пред ДИК стојат две опции – колективна оставка или реконструкција

-

Државната изборна комисија (ДИК) ќе постапи според препораките од политичкиот договор, но што ќе биде и како ќе се одвиваат понатаму работите во врска со работењето на ДИК, знаат само политичките партии, изјавил за „Охрид њуз“ актуелниот претседател на комисијата, Никола Рилкоски.

– Имам сознанија дека во партиите се почнати одредени активности во согласност со постигнатиот договор, но сето тоа се одвива во тајност и немам информации што и како се презема. Во секој случај, според договорот, ќе има реконструкција, најверојатно и нов состав на ДИК, па можно е дури и со поголем број на членови. Дали тоа ќе бидат неутрални експерти или партиски избрани личности, сè се тоа прашања што во моментов лебдат. Приоритет во однос на договореното од политичките партии има ДИК. Засега во комисијата не сме расправале за колективна оставка, но сметам дека тоа е техничко прашање кое лесно ќе се реши во Собранието на Република Македонија, кое треба да ги донесе одлуките предвидени со политичкиот договор, вклучително и за ДИК – вели Рилкоски.

Според политичкиот договор, партиите потписнички, денеска, ќе ги почнат преговорите на ниво на работни групи со посредство на белгискиот експерт Питер Ванхут. Предвидено е тој да работи и со Државната изборна комисија околу прочистување на избирачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...