fbpx

Ременски: ВМРО-ДПМНЕ да не ги блокира законите за стечајците и за минималната плата

-

Крајно време е да се откажете од тесно-партиските интереси и од партиската пропаганда, и да  престанете да ги блокирате законските решенија кои што ќе им помогнат на две групи наши сограѓани, побара денеска пратеничката од СДСМ Фросина Ременски од нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со вашите јалови дискусии во Собранието на Република Македонија за одбрана на криминалот и попречување на правдата, вие директно го блокирате усвојувањето на Законот за минималната плата кој ќе овозможи решавање и подобрување на стандардот на илјадници работнички семејства во Република Македонија. И Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како ,,Законот за стечај“, со кој што ќе се реши долгата егзистенцијална агонија на овие наши сограѓани – рече Ременски.

Таа нагласи дека новите закони ќе овозможат илјадници работници во текстилната и кожарската  индустрија да имаат агарантиран минимален приход од 12.000 денари, наместо досегашните 9.000, како и околу 3.000 работници – стечајци од  претпријатија со доминантна сопственост на државата да добиваат по 7.596 денари месечно.

– Нема да помине обидот преку грбот на граѓаните и нивните реални потреби, со блокирање на процесите и постапките во Собранието да се покрие катастрофалниот рејтинг на Никола Груевски и неговата партија, која во пресрет на локалните избори со беспредметни пропаганди, дискусии и сеење на страв помеѓу граѓаните се обидуваат да го попречат решавањето на проблемите кои што тие ги создадоа изминативе години криминално владеење – порача Ременски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...