понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: стечајци | 24 резултати

Заев: Владата ќе бара законски можности да ги проследи барањата на стечајците на „Охис“

26 ноември 2018

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД „Охис“ Скопје во стечај. Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот […]

Нова група на стечајци од Штип пред добивање на стечаен надоместок

5 ноември 2018

Нови 180 стечајци од Штип може да побараат стечаен надоместок од државата, според усвоените измени на Законот за стечајци. Толкав е бројат на работници без решен статус кои ги исполнија законските услови. Тоа се граѓани кои останале без работа со затворањето или приватизација на некогашните државни фирми. Во оваа бројка влегуваат и неколку десетина граѓани, […]

Владата го испраќа во Собрание законот за обештетување на уште 1.600 стечајци

1 август 2018

Предлог-законот за обештетување уште 1.600 стечајци од фирми во доминантна сопственост на државата бил усвоен на вчерашната 82. седница на Владата и е испратен во Собранието. На вчерашната седница владиниот кабинет исто така донел одлука да го реши проблемот со одлагањето на ѓубрето и го задолжила ЕЛЕМ да обезбеди еден од ископите кај ТЕЦ Осломеј […]

Бошњаковски: Сите вработени во „Еурокомпозит“ в понеделник ќе добијат плата

3 мај 2018

Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Вработените презедоа обврска да ја завршат работата, а постигнат е и договор да се смени менаџерскиот тим. Вработените на „Еурокомпозит“, кои вчера протестираа пред […]

Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање

13 април 2018

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која на прес-конференција во Владата информираше за сработеното во изминатите 11 месеци. – Работиме на стабилизација на системот за пензии, затоа што знаеме дека за 10 години ВМРО-ДПМНЕ за трипати […]

Собранието го донесе законот за стечајни работници

19 септември 2017

Пратениците во Собранието едногласно го донесоа законот за стечајни работници во рамките на 12. седница. Со овој закон, се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 8.356 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето-плата минатата година. Годишно за таа намена од буџетот на Агенцијата за вработување ќе бидат обезбедени 300.816.000 […]

Собранието ќе расправа за минимална плата и за укинување на радиодифузната такса

15 септември 2017

Собранието денеска во 11 часот ќе ја продолжи 12. седница, на која како точки на дневен ред се законот за минимална плата, законот за стечајците и укинување на радиодифузната такса. Освен тоа, на дневен ред ќе се најде и предлог за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на […]

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето на законите за минимална плата и за стечајци

7 септември 2017

Два дена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев со јалови дискусии и со бесцелни меѓусебни репики, ја блокираат Комисијата за труд и социјална политика и постапката за донесување на предлог-законите за минимална плата и за стечајци, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. – ВМРО-ДПМНЕ во суштина ја блокира можноста на вработените кои имаат најниски […]

Законот за јазиците и огласот за наследникот на Зврлевски денеска во Собранието

6 септември 2017

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седницата на која се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон […]

СДСМ: 3.000 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок од 7.596 денари

18 август 2017

Отстранети се сите пречки и наскоро ќе биде донесен законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како законот за стечајци, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека „со оваа мерка ќе се реши проблемот со статусот на стечајните […]

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

17 август 2017

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. До сега, откако ВМРО-ДПМНЕ се опозиција, најголем дел од утинските партиски соопштенија се однесуваат на обвинувања за задолжувањето на оваа влада. Иако министерот за финансии, Драган Тевдовски […]

Ременски: ВМРО-ДПМНЕ да не ги блокира законите за стечајците и за минималната плата

15 август 2017

Крајно време е да се откажете од тесно-партиските интереси и од партиската пропаганда, и да  престанете да ги блокирате законските решенија кои што ќе им помогнат на две групи наши сограѓани, побара денеска пратеничката од СДСМ Фросина Ременски од нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ. – Со вашите јалови дискусии во Собранието на Република Македонија за одбрана […]

Владата договори дополнителна координација за законот за јазиците

1 август 2017

На 18. седница синоќа, Владата на Република Македонија, покрај за шумските пожари и за проблемот со струшката депонија, расправала и за Законот за јазиците, за стечајните работници, како и за повеќе социјални закони, соопшти владината служба за информирање. Било дебатирано за усвојување на предлог-закон за употреба на јазиците и било договорено да се прави понатамошна […]

Царовска на нова рунда разговори со стечајците од Куманово

4 јули 2017

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржала средба во Куманово со стечајните работници, на која се дискутирало за решенијата за нивниот статус. Тие би требало да станат дел од pредлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, познат […]

СДСМ: Парламентарното малцинство нема да ја киднапира иднината на граѓаните и на државата

30 март 2017

Ниту едно блокирање на демократските процеси, ниту едно беспотребно меѓусебно реплицирање од страна на парламентарното малцинство нема да ги спречи промените и да ја киднапира иднината на државата за која гласаа мнозинството граѓани, реагира денеска СДСМ на однесувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата во Собранието на Република Македонија. СДСМ порачува дека ако Груевски […]

Стечајците протестираа и бараа системско решавање на нивниот проблем

17 март 2016

Стечајците денеска протестираа пред зградата на Сојузот на синдикатите (ССМ), каде што побараа оставка од претседателот, Живко Митревски. Според нив, тој ниту еднаш не предложил мерки до Владата со кои ќе се обесштетат. Тие револтот го искажаа и пред Собранието, кое го сметаат за виновно за сегашнаta состојба бидејќи пратениците не донеле закон со кој ќе се реши нивната […]

Блокирани сметки поради стар долг за радиодифузна такса

1 февруари 2016

Само на еден стечаец од Штип од членовите на Здружението „Унит“ му биле отпишани долговите со владинот проект за отпис на долгови. Другите, чии семејства немаат никакви примања, се соочија со извршители, а пред еден месец и со исклучена струја и тоа за стар долг за неплатена радиодифузна такса. Стечајката Даница Стојанова и нејзиното семејство […]

Собранието не го прифати предлог-законот за решавање на проблемите на дел од стечајците

29 јануари 2016

Собранието не го прифати предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со општествена и државна сопственост, поднесен од опозицијата. Со него се предлагаше сите работници кои останале под стечај, да можат од Агенцијата за вработување да добијат надомест од 30 проценти од просечно исплатената нето-плата во претходната година. Пратениците од опозицијата […]

Од утре и стечајците ќе кампуваат пред Влада

18 мај 2015

Од утре дел од стечајните работници ќе кампуваат пред Владата, најавија од Здружението на стечајни работници „Унит“, објави „Куманово њуз“ . Тие се приклучуваат на протестот на опозицијата и на граѓанските организации пред Влада и велат дека власта девет години си играла со нив. „Сите се борат за некое подобро утре. На сите им се […]

Стечајците од Кочани не добија одговор дали има место за нив во „Македонија вработува“

9 април 2015

Стечајците од Кочани, кои повеќе од 10 години се без работа, организирано заминаа во Агенцијата за вработување за да добијат информации за тоа колкави се нивните шанси да се вработат со новиот владин проект „Македонија вработува“. Со проектот, во петтата категорија на граѓани, се предвивува опфаќање на лица повозрасни од 58 години што две години се без работа, за фирмите што ќе […]

Страна 1 од 1