fbpx

Работни групи на Македонија и на Грција ќе усогласуваат нови мерки за доверба

-

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас за време на својата посета на Скопје во четврток, покрај средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров ќе има состанок и со претседателот Ѓорге Иванов, како и со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, дознава „Мета“.

Коѕиас со автомобил ќе допатува во Скопје и тоа непосредно пред планираните средби. Причината за ваквиот начин на патување е да се избегне слетувањето на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Како што претходно објави „Мета“, спорот за името нема да биде тема на разговорите Димитров – Коѕиас, туку мерките за градење доверба и нивното досегашно имплементирање. Пред посетата на грчкиот министер на Скопје, како што дознаваме, работна група од македонското МНР ќе замине во Атина каде ќе се усогласуваат ставовите на нов пакет мерки за подобрување на билатералните економски, транспортни и енергетски односи.

Посетата на Коѕиас на Скопје, која доаѓа по неговата средба во Брисел со посредникот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, претставува уште еден обид за опипување на ставовите на двете страни за можното решавање на отвореното прашање. Нимиц по средбата со шефот на грчката дипломатија рече дека постои „нов импулс“ во напорите за наоѓање решение за проблемот, а премиерот Зоран Заев вчера во Драч изјави дека очекува медијаторот да му достави нови предлози за решавање на проблемот до крајот на годината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...