fbpx

Путин: Навални требаше да биде ослободен во размена на затвореници договорена со Западот

Сојузниците на Навални минатиот месец потврдија дека во тек биле разговори со руски и западни претставници за размена на затвореници во која е вклучен Навални

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ја поддржувал идејата за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални при размена на затвореници, пред тој да биде пронајден мртов.

„Се случува. Нема ништо што можете да направите. Тоа е живот“, бил првиот коментар на Путин во врска со смртта на Навални.

Невообичаено било тоа што, оценува Асошиејтед прес, за прв пат во пет години, сега Путин постојано го спомнувал името на Навални, на прес-конференцијата доцна во ноќта кога беа објавени резултатите од претседателските избори за кои беше сигурно дека ќе го продолжат неговото владеење.

Уште пред да заврши гласањето, 87 проценти од гласовите биле за Путин во трка практично без конкуренција, по години безмилосно потиснување на опозицијата и независните медиуми, пишуваат странските медиуми.

Сојузниците на Навални минатиот месец потврдија дека во тек биле разговори со руски и западни претставници за размена на затвореници во која бил вклучен Навални.

Долгогодишната соработничка на политичарката Марија Певчих рече дека преговорите биле во завршна фаза само неколку дена пред ненадејната и необјаснетата смрт на критичарот на Кремљ во казнената колонија на Арктикот.

Таа го обвини Путин дека „се ослободил од“ Навални, но не понуди докази за да ги поддржи нејзините тврдења.

Путин исто така без да понуди докази, рече дека неколку дена пред смртта на Навални, „одредени колеги, а не од (претседателската) администрација“ му кажале за „идеја да се размени Навални за одредени луѓе кои се затворени во казнено-поправни установи во западните земји“.

„Верувале или не, но тој што зборуваше со мене не ја ни заврши реченицата кога реков дека се согласувам“, изјави тој, и додаде дека единствен услов било Навални никогаш да не се врати во Русија.

Алексеј Навални, најпознатиот руски опозициски политичар, почина минатиот месец додека отслужуваше 19-годишна затворска казна поради обвиненија за екстремизам кои ги отфрли како политички мотивирани. Неговите сојузници, членовите на семејството и западните официјални лица го обвинија Кремљ за смртта.

Певчих тврди дека имало план за размена на Навални и двајца американски државјани кои се држат во Русија за Вадим Красиков, кој отслужувал доживотна затворска казна во Германија за убиството во Берлин на Зелимхан „Торнике“ Кангошвили. Германските судии рекоа дека Красиков дејствувал по наредба на руските власти.

Таа не ги идентификуваше американските државјани кои наводно биле дел од договорот за размена, но моментално во притвор во Русија се новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович, уапсен под обвинение за шпионажа, и Пол Вилан, извршен директор за корпоративно обезбедување од Мичиген исто така осуден за шпионажа.

Затворениците и американската влада ги оспоруваат обвиненијата против нив.

ИзворAP news

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...