fbpx

Пуштени во употреба новите простории на државна кардиохирургија

-

Денеска беа пуштени во употреба новите простории во Универзитетската клиника за кардиохирургија. Инвестицијата на целиот објект од околу 750 квадратни метри е вредна околу 140 милиони денари.

На пуштањето во употреба на новите простории присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за здравство, Никола Тодоров, медицинскиот персонал што ќе работи во болницата, како и странските доктори кои помогнаа за едуцирање на тимот- професорот Омер Џемаили од Клиниката „Триемли“ – Цирих, професор Антонино Маруло од Клиниката „Сапиенза“ – Рим, професор Бојан Биочин од Клиника за кардиохирургија „Ребро“ – Загреб, професор Предраг Милоевиќ од Институт за кардиоваскуларни заболувања – Дедиње.

Просторот на државната клиника за кардиохирургија е во рамките на Клиниката за кардиологија, проектиран со намена за хируршки блок. Содржи две операциски сали, интензивна нега со шест кревети, две болнички соби со шест кревети, приемна амбуланта, чекална и помошни простории.

Првата кардиохируршка интервенција беше успешно извршена на 19 март минатата година, во операциската сала на Клиниката за детска хирургија. Досега успешно се извршени 71 интервенција, додека од почетокот на 2015 година, на клиниката се извршени вкупно 219 прегледи.

Целиот тим на клиниката е подготвен да врши трансплантација на срце.

ЈЗУ Универзитетска државна клиника за кардиохирургија е основана со одлука на Владата на Република Македонија на 22 јануари 2014 година. По неуспешните обиди во изминатите 40 години, првпат во РМ е основана професионална и модерна клиника за кардиохирургија, што претставува витален проект за македонскиот здравствен систем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...