Тетовската полиција, постапувајќи по судска наредба, вчера го уапсила 59-годишниот Џ.Џ. од селото Горна Лешница.

Според полицијата, тој се барал за издржување затворска казна од три години, поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Уапсениот веднаш бил спроведен во тетовскиот затвор.