fbpx

Медалот „Михајло Пупин” за проф. д-р Павле Митрески

-

На проф. д-р Павле Митрески денеска во Охрид му беше врачен медалот „Михајло Пупин“, највисоко одликување на Фондацијата „Младен Селак“ од Србија, востановено во 1979 година.

Д-р Митрески ова особено признание го доби за неговото сестрано истражување за потеклото и за творештвото на светски познатиот научник Михајло Пупин.

Признанието, во името на Здружението за почитување на ликот и на делото на Пупин од Белград, Република Србија, му го врачи Милан Божиќ, за кого охридско-струшкиот крај е центарот на христијанството, а д-р Митрески, кој научно докажа дека претците на Михајло Пупин се од овој крај, е најголемиот жив проучувач на ликот и на делото на Михајло Пупин на Балканот.

Претставувајќи го накратко цивилизациското значење на пронајдоците на Михајло Пупин, д-р Митрески, во своето пригодно обраќање, се задржа и на неговата општественост во времето во кое живеел.
Како личен пријател на американскиот претседател Вудро Вилсон, Пупин ја напишал првата Декларација за правата на малите народи. Учествувал на Мировната конференција во Париз, по Првата светска војна, каде, како дел од екипата на тогашниот српски премиер Милан Пашиќ, се залагал за правата на Македонците и практично барал автономија на Македонија.

Ја формирал Фондацијата „Олимпија Пупин“, преку која стипендирал студенти од Охрид и од Струга, a ја подигнал со негова донација една од доминантните згради во стариот дел на Охрид – сега управната зграда на Завод и музеј.

Михајло Пупин го финасирал и лиењето на најголемата камбана на Балканот, во Љубљана, поставена на камбанаријата на црквата „Света Богородица-Перивлепта“, која и денес одѕвонува во слава и во чест на големиот научник и добротвор.

Според истражувањата на д-р Митрески, коренот на Пупин е од едно село покрај Преспанско Езеро, податок зачуван како запис во турски тефтер од 1568 година. Потомците оттука му се селат во Нича, Албанија, оттаму се преселуваат во Струшко Горна и Долна Белица и Вевчани, оттука продолжуваат и се задржуваат во Идвор, Банат, кај Панчево.

На свеченоста присуствуваше и еден од потомците на Пупин од Вевчани, Стефан Пупиноски, кој живее во Белград, а кој ја отстапи својата куќа во Вевчани за подигнување на Спомен-собата на Михајло Пупин. Во Вевчани и денеска живеат повеќемина со презиме Пупиновци, односно по вевчански-Пупиној.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...