fbpx
Таг: срце

таг: срце

Пресадено срце од утрово почна да чука во градите на 40 годишен пациент

Од рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Во Државната кардиохирургија синоќа беше изведена деветта по ред трансплантација на срце во македонското здравство. Како што информираат во Министерството за здравство, нова шанса за живот добил и пациент на кој му бил пресаден црн дроб, а кој претходно имал хронична црнодробна болест....

Извршена е првата трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња кај човек

Дејвид Бенет е името на американскиот државјанин кој стана првиот човек во светот кому му беше извршена трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња, пренесува Би-би-си. Седумчасовната операција која се изврши во Балтимор од страна на тим доктори од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд беше единствената и последна шанса за да се спаси животот на Бенет кому претходно му...

Од донорот на срце, ќе се изврши трансплантација и на два бубрега и коскена срцевина за десетина пациенти

Министерството за здравство информира дека, од починатиот донор од кој беше направена трансплантација на срце, два бубрега од оваа пациентка денес ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа. „Во понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Уште десетина пациенти кои...

Извршена втора трансплантација на срце во историјата на државата, информираше Филипче

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце, ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил. „Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше. Ова е огромен успех на...

Филипче: Извршена првата трансплантација на срце во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека првата трансплантација на срце е извршена синоќа а Клиниката за кардиохирургија во Скопје. „Трансплатацијата успешна! „Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук. Срцето е трансплантирано од почината пациентка чие семејство се согласило да го донира срцето на пациент кој подолго време чекал донор. На...

Берлускони во болница поради проблеми со срцето

Поранешниот италијански премиер денеска бил примен во болница поради проблеми со срцето, но не е во животна опасност, изјави портпаролот на неговата партија. Силвио Берлускони, кој четири пати беше премиер на Италија, примен е во болница во Милано.

Скопје го одбележува Светскиот ден на срцето

Со поддршка на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на срцето - 29 септември. Светскиот ден на срцето годинава се одбележува под мотото „Избори за здраво срце за секого, секаде“. За таа цел, од 10 до 14 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај Школка ќе има бесплатни превентивни прегледи,...

Пуштени во употреба новите простории на државна кардиохирургија

Денеска беа пуштени во употреба новите простории во Универзитетската клиника за кардиохирургија. Инвестицијата на целиот објект од околу 750 квадратни метри е вредна околу 140 милиони денари. На пуштањето во употреба на новите простории присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за здравство, Никола Тодоров, медицинскиот персонал што ќе работи во болницата, како и странските доктори кои помогнаа за едуцирање на тимот- професорот...

На Детска хирургија направена стотата кардиохируршка операција

На Детска хирургија вчера е направена стотата кардиохируршка операција кај деца. Херојот е седуммесечно машко бебе од Скопје, со дијагноза тетралогија, пренесе „Здравство24“. Интервенцијата ја изведе петнаесетчлениот американски тим од хирурзи, интернисти, кардиолози, перфузионисти и медицински сестри. Со нив во салата присуствуваше и македонски тим од Детска хирургија и од Клиниката за детски болести. Американскиот тим кој ја направи стотата операција...

Во штипската болница изведена сложена операција на срце

Комплицирана операција, која, според лекарите, ретко се изведува не само во регионот, туку и во европските болници, му го спасила животот на 78-годишен жител на Пробиштип. Пациентот бил примен во штипската Клиничка болница во саботата, со силни болки во градите. Лекарите процениле дека нема да го преживее транспортот до Скопје, поради што, кардиологот Бранко Петровиќ од Клиничкиот центар „Дедиње“ предложил...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...