Првиот фестивал за миленици „Скопје Пет Фест“ ќе се одржи на 17 септември

Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување на миленик и од најмали нозе децата да развиваат љубов и емпатија кон животните

Илустрација: Пет Фест

На 17-ти септември во Градски Парк Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје Пет Фест“ –  регионален настан за сите љубители на животните.

„Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина – едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за вдомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кино проекција, музика и многу забава за сите посетители“, велат организаторите – Ветеринарен центар и Груминг.мк.

Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување на миленик и од најмали нозе децата да развиваат љубов и емпатија кон животните.

Почетокот на Скопје Пет Фест е од 11 часот, а ќе трае до вечерта. Локацијата е во стариот дел на Градски Парк на летната сцена „Лепеза“, а влезот е бесплатен за сите посетители.

Повеќе информации за фестивалот има на овој линк.