fbpx

Првиот ден на 2018 година сончев и топол

-

Првиот ден во новата 2018 година ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

По одделни котлини ќе има услови за појава на претпладневна магла. Преку денот ќе има умерено наоблачување и ќе биде релативно топло, особено на повисоките места.

Температурата ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а во Скопје и околината слично време со температура до 8 степени.

Утре наутро, но и во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен со засилен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен и од среда ќе предизвика заладување.

Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд и снег ќе има в четврток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промовирани новите полициски службеници, генерација 2023-2024

Денеска се одржа пригодна церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството...