fbpx

Прв смртен случај од БИРС во Европа

-

Првиот смртен случај од блискоисточен респираторен синдром е регистриран во Германија, јавува новинската агенција „РИА Новости“.

Информацијата доаѓа од германската компанија „Нилс-Стенсен-Клиникен ГМБХ“, која спонзорира повеќе германски клиники.

Во меѓувреме, бројот на починатите во Јужна Кореја, каде од појавата на болеста има најголем број регистрирани случаи, вчера се искачи на 16 лица.

Светската здравствена организација денеска ќе одржи итна седница посветена на епидемијата на БИРС, кој првпат е регистриран во Саудиска Арабија во 2012 година. Во моментов нема таква вакцина ниту, пак, лек за вирусот, кој има стапка на фаталност од 35 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...