fbpx

Котевски: МВР е подготвено да реагира на сите закани

-

„Министерството за внатрешни работи (МВР) ја следи безбедносната состојба и сите најави, сознанија, информации што дооаѓаат и доколку е потребно, Министерството е подготвено да дејствува“, изјави за „Мета“ помошник-министерот за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, во врска со информациите што ги објавуваат албанските и косовските медиуми за наводни терористички напади што припадници на Исламска држава (ИД) од Балканот ги планираат во Приштина и во Скопје.

Котевски не открива дали косовските безбедносни служби контактирале и испратиле инфрмација до македонските колеги, во врска со овие наводи.

Албанската новинска агенција „Балканвеб“, објави дека безбедносните служби на Косово одбиле информација дека лица блиски до албанскиот лидер на ИД, Лавдрим Мухаџери, наредиле изведување терористички акции во главните градови на Косово и на Македонија.

Агенцијата се повикува на косовскиот „Лајми.нет“, кој дошол до соопштение на безбедносните служби, во кое било наведено косовската полиција да ги преземе сите потребни мерки за одговор на заканите.

Во комуникацијата, косовската полиција навела дека лице од Македонија, чие име им било познато на службите, кое во моментот е на боиштата во Сирија и во Ирак и има блиски врски со Лавдрим Мухаџери, контактирало со доверливи луѓе за можни напади во Косово и во Македонија, во јуни.

Цел на нападите била да се предзвика што поголема материјална штета и човечки жртви без разлика на верската определба.

Заканата, како што пренесува „Балканвеб“, доаѓа по видеоснимката на која џихадисти од Балканот, вклучувајќи и Албанци, кои се борат во Сирија и во Ирак, повикуваат на напади во регионот, кои, според нив, ќе ги опфатат Косово, Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...