fbpx

Протестите пред Владата траат, демонстрантите порачуваат дека нема да си одат

-

Веќе неколку часа голема група граѓани револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски протестираат пред Владата извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „не сме човечиња“, „излези Никола“, „нема Сашо – има мир“,„оставка“ и „ќе одговарате“.

Како што јавува репортерот на „Мета“, дошло и до кошкање со полицијата кога демонстрантите почнале да удираат по штитовите.

Ситуацијата сега е мирна.

Демонстрантите ги спуштија на пола копје знамињата пред Владата и фрлаа со јајца, јаболки и со балони со вода кон објектот, при што искршија два прозорци на приземјето.

На почетокот демонстрантите за момент го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата.

Во групата која се обиде да влезе во зградата беа и мајката и братот на Нешковски.

На протестот се приклучија и пленумците.

Се појавија и групи со албанско знаме. Тие го врзаа албанското со македонското знаме.

Нема најави до кога би траел протестот, а присутните извикуваат „Не си одиме“.

Специјални полициски единици го блокираа влезот кон владата, за групата демонстранти да не може да влезе внатре.

На протестот се пуштаа и аудиоснимките од денешната „бомба“ посветена токму на убиството на Нешковски.

Сè повеќе граѓани се собираат пред Владата, а на протестот пристигаат и дополнителни полициски сили.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...