fbpx

Пристигнаа водените топови, полицијата со штитови ги потиснува демонстрантите

-

Веќе неколку часа голема група граѓани, револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, протестираат пред Владата извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „не сме човечиња“, „излези Никола“, „нема Сашо – има мир“,„оставка“ и „ќе одговарате“.

Како што јавува репортерот на „Мета“, дошло и до кошкање со полицијата кога демонстрантите почнале да удираат по штитовите.

Нашиот репортер вели дека пристигнале и водени топови. Насобраните седнале на коловозните ленти, а полицијата која е присутна во голем број ги опколила од сите страни.

Во меѓувреме дојде и до посериозни судири со полицијата, која со штитовите ги турка демонстрантите што во бранови се обидуваат да ја потиснат кон Владата.

Демонстрантите ги спуштија на пола копје знамињата пред Владата и фрлаа со јајца, јаболки и со балони со вода кон објектот, при што искршија два прозорци на приземјето.

На почетокот демонстрантите на кусо го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата.

Во групата која се обиде да влезе во зградата беа и мајката и братот на Нешковски.

На протестот се приклучија и пленумците.

Се појавија и групи со албанско знаме. Тие го врзаа албанското со македонското знаме.

Нема најави до кога би траел протестот, а присутните извикуваат „Не си одиме“.

Специјални полициски единици го блокираа влезот кон владата, за групата демонстранти да не може да влезе внатре.

На протестот се пуштаа и аудиоснимките од денешната „бомба“ посветена токму на убиството на Мартин Нешковски.

Сè повеќе граѓани се собираат пред Владата, а на протестот пристигаат и дополнителни полициски сили.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...