Илјадници луѓе вчера протестира во руската република Башкортостан, откако локален активист беше осуден на затворска казна, пренесува Гардијан.
Протестот е еден од најголемите што се случиле во Русија од почеток на војната со Украина. Неколку илјади луѓе се собрале пред зградата на судот за да го поддржат Фаил Алсинов, кој е осуден на четри години затвор за поттикнување омраза.
Полицијата употребиле солзавец и палки за да ја растера толпата за време на протестот која барала смена на гувернерот на Башкортостан и фрлала снежни топки врз полицајците.
Алсинов инаку е водач на група која се залага за зачувување на башкирскиот јазик и култура и ги протестираше операциите за ископ на варовник и злато во регионот. Групата наречена Башкорт, беше прогласена за екстремистичка во 2020 година.
Тој се соочува со обвиненијата по говор кој го одржал минатата година на неодобрен протест против ископувањето злато.
Гувернерот на Башкортостан, Радиј Хабиров, наводно, лично поднел жалба против Алсинов, тврдејќи дека говорот оцрнувал други националности и поттикнувал антивладини акции.
Неколку страници на социјалните мрежи кои известуваа за протестите или служеа како платформа за локалната заедница веќе не се достапни за јавноста, а протестите се случуваат само два месеци пред претседателските избори на кои се очекува Владимир Путин да го добие петтиот мандат на функцијата.