fbpx

Промовирани „Избрани дела во шест тома“ од Бранко Цветкоски

-

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, денеска се одржа промоцијата на „Избрани дела во шест тома“ од Бранко Цветкоски, составена од поезија, литературни критики и од препеви на негови песни на многу светски јазици.

За творештвото на поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски, говореше директорот на „Струшки вечери на поезијата“, литературниот критичар Мите Стефоски. Тој напомена дека досега многупати биле истакнати сите значајни аспекти на поетиката на Цветкоски, а од сите критичари, јазикот бил посочуван како најзначајниот пунктум.

– Недвосмислено е утврдено дека во темелот на јазикот, Цветкоски го бара и темелот на песната. Неговата поезија е потрага по тоа извориште, кое секогаш одново се измолкнува за да продолжи по трагите. Создавањето на песната станува потрага и прошетка по урнатините на времето, обид за реконструкција преку сеќавањето – истакна промоторот Стефоски.

Авторот Славе Ѓорго Димоски, во улога, исто така, на промотор, рече дека јазикот со кој пишува Цветкоски нуди богатство од малку подзаборавени зборчиња, зборови кои се со потекло од Западна Македонија и специфични форми на зборови.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...