fbpx

Производството на нафта во САД е најголемо по 30 години

-

Цената на нафтата за време на денешното тргување во Азија опадна, откако производството на тој енергент во САД го надмина максимумот во последните 30 години.

Ова поттикна нова загриженост околу високото ниво на глобални резерви на нафта, непосредно пред состанокот на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК).

Американското министерство за енергетика вчера соопшти дека производството на нафта во САД во неделата, заклучно со 20 мај, порасна за 20.000 барели дневно на 9,59 милиони барели, што е највисоко ниво од јануари во 1983 година.

ОПЕК ќе го задржи постоечкото ниво на производството на нафтата за да го сочува пазарниот удел. Оваа организација, која произведува околу една третина од светската нафта, на претходниот состанок во ноември го задржа нивото на производство на нафта од 30 милиони барели дневно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...