Продолжува гранатирањето на Мариупол, се одложува примирјето за евакуација

-

Примирјето што утринава го постигнаа Русија и Украина во договор од пет часовен прекин на воените дејствија во градовите Мариупол и Волновакха поради евакуација на цивилното население беше прекинато откако украинските власти ги обвинија руските трупи за искористување на состојбата во своја предност и промена на своите позиции.

Градскиот совет на Мариупол објави дека евакуирањето се одложува поради нарушената безбедност за која велат дека не била гарантирана.

Од Министерството за надворешни работи на Украина изјавија дека вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со ракетни и бомбашки напади врз Мариупол, Волноваха и други украински градови прекршувајќи ги постигнатите договори, информираат од украинската амбасада во земјава.

„Тековното гранатирање го оневозможува отворањето на хуманитарни коридори за безбедна евакуација на цивилите и испорака на лекови и прехранбени производи.  Ја повикуваме меѓународната заедница – државите и меѓународните организации – веднаш да го осудат грубото кршење на договорите за отворање хуманитарни коридори од страна на Русија и да ја повикаат Москва да им нареди на руските трупи да прекинат со огнот.“, стои на објавата на Министерството за надворешни работи на Украина на официјалниот профил на Твитер .

Планот на украинските власти беше да се евакуираат повеќе од 15 000 жители за време на привремениот прекин, но според официјалните информации за време на краткотрајното привремено примирје, успеале да се евакуираат само 400 граѓани на Волновакха.

„Иако имавме намера и неопходен транспорт зa евакуација на многу повеќе луѓе, моравмe да го прекинеме движењето на колоната поради безмилосното гранатирање од страна на русите кое уште еднаш ја преплави Волновакха. Навистина беше многу опсано да се движиме таму“, изјави регионалниот гувернер, Павло Кириленко, пренесува Би-би-си.

Во југоисточниот пристанишен град Мирупол се наоѓа едно од најголемите пристаништа на Црното Море што го вметнува на листата клучни области во Украина. Тој се наоѓа на патот меѓу Русија и полуостровот Крим. Откако започна воената инвазија на Русија врз Украина на 24-ти февруари, Мариупол беше постојано подложен на интензивни напади. До вчера населението беше сосема исклучено од основните потреби, напоменувајќи ги недостатоците на храна, лекови, вода и греење како и прекинатата телефонска и интернет комуникација.

Забрана за пиење на водата од гостиварскиот водовод заради присуство на манган

Агенцијата за храна и ветеринрство (АХВ) издаде забрана за за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, информираат оттаму. „Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство...