Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од вкупно направени 3.148 тестови, пријавени се 370 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 3 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1) на возраст од 37 до 89 години.

Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјава се направени вкупно 1.904.443 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.419, бројот на оздравени пациенти е 287.518, на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826.