fbpx

Приведен еден од осомничените за 27 април кој се бараше со меѓународна потерница

-

Полицијата синоќа во Скопје го привела Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, кој се бараше со меѓународна потерница.

Од МВР засега нема официјална потврда за приведувањето на Додевски.

Тој, како што пренесува „Телма“ повикувајќи се на полициски извори, се криел во внатрешноста од државата, а наводно бил приведен пред ресторан во Скопје.

Министерството за внатрешни работи преку канцеларијата на Интерпол во земјава, на 4 јануари распиша меѓународна потерница за петмина осомничени за насилствата во Собранието.

Покрај Додевски со меѓународна потерница се бараат и Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.

Сите петмина, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги товари за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Кривичниот суд во Скопје кон средината на декември, минатата година на петмината во отсуство им одреди мерка притвор од 30 дена, со што веднаш штом ќе станат достапни за органите на прогонот ќе бидат спроведени во истражен затвор.

Тие се дел од 36-те осомничени за кои ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција на 28 ноември, минатата година отвори истрага за насилствата во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...