fbpx

Притисоците на СДСМ врз судот родија плод, оцени ВМРО-ДПМНЕ

-

СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори, изјави вечерва членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, по одлуката на Управниот суд која се однесува на уважување на тужбата на СДСМ за прегласување на гласачкото место 2011 во Теарце.

Според Тодоров, судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ донеле противправна одлука водена од политички мотиви.

„Притисоците врз судот кои се случуваа од СДСМ, медиумите блиски до СДСМ, како и некои други фактори однадвор родија плод кој доведе до скандалозен правен преседан кој говори за политичка мотивираност во одлучувањето, наместо водењето според правни факти и докази. Еден од најголемите докази за противправното одлучување на судиите од Управниот суд кој одлучуваа за оваа тужба е фактот што нестандардно за судската практика, во образложението од одлуката не се наведени конкретните законски причини и основи заради кои се носи оваа одлука, туку е наведена една општа формулација која е несвојствена, нетипична и која отстапува од правните стандарди – а тоа е дека се случувале низа неправилности – рече Тодоров.

Тој истакна дека тоа е само дел од поголемото сценарио, чија цел е поништување на волјата на граѓаните.

– Ќе потсетам, сето ова почна со противправните одлуки што ги донесе Државната изборна комисија за подоцна целиот овој инженеринг да се префрли на Управниот суд. Едноставна е математиката, СДСМ на ова гласачко место може да ја украде победата на ВМРО-ДПМНЕ, само и исклучиво преку овој таканаречен изборен инженеринг за што ќе се таргетираат точно определен број гласачи преку кои СДСМ ќе се обиде да ја фалсификува волјата на сите граѓани која беше дадена на легитимни фер и демократски избори што се одржаа на 11 декември – рече Тодоров, додавајќи дека сценариото за кражба на изборната победа ги прави поцврсти, поодлучни и поединствени во намерата да ја одбранат демократијата.

На крај, Тодоров истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот искажан во прогласот на извршниот комитет на партијата, во кој се наведува дека нема да учествуваат на прегласувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...