fbpx

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди и се за 13,9 отсто пониски од лани

-

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари што е помалку за 13,9 проценти во однос на лани, информираат од Министерство за финансии.

„Кумулативно од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2 проценти во однос на лани, што е пак благо подобрување во однос на првото полугодие кога приходите кумулативно беа пониски за 9 проценти во однос на лани,“ се вели во соопштението.

Во август даночните приходи се пониски за 17,1 проценти во однос на лани, додека кај придонесите се забележува пад од 2,7 проценти.

„Кај даночните приходи има потфрлање на месечно ниво кај ДДВ од 14,3 проценти, акцизи од 25 отсто, данокот на добивка од 28,9 отсто и на персоналниот данок на доход од 10,4 отсто, додека кај увозните давачки се забележува раст од 7,9 проценти,“ се додава во соопштението.

Расходите во август изнесуваат 17 милијарди денари и се за 5,8 проценти повисоки во однос на лани.

„Кумулативно, буџетските приходи заклучно август имаат пад од 8,2 проценти што се должи на пад на даночните приходи од 12,1 проценти. Кумулативно од почетокот на годината се забележува раст на придонесите од 7,1 проценти. Од почетокот на годината заклучно август, има послаба наплата кај скоро сите даноци освен увозните давачки каде растот изнесува 7 проценти. Кај данокот на додадена вредност, се забележува кумулативен пад од 13,6 проценти,“ соопштуваат од Министерство за финансии.

Вкупните расходи пак заклучно август изнесуваат 154,5 милијарди денари и се за 11 проценти повисоки во однос на лани, при што тековните расходи се повисоки за 11,2 проценти, додека капиталните за 5,9 проценти. Заклучно август реализиран е 17,4 милијарди денари дефицит или 75,7 проценти од проектираниот со ребалансот на буџетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...