fbpx

Премиерот Груевски на бизнис-форум во Ченаи, Индија

-

Премиерот Никола Груевски, кој предводи владина делегација во економско-политичка посета на Индија, денеска ќе го посети градот Ченаи, каде на бизнис-форум ќе ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија.

Во состав на владината делегација се министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, заменик-министерот за економија, Христијан Делев, и заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекероски.

Премиерот Груевски вчера учествуваше и се обрати на отворањето на глобалниот престижен самит „Вибрант Гуџерат“, што до вторник се одржува во Ахмадабад, Република Индија.

Шефот на Владата, на маргините на глобалниот самит во Ахмедабад, се сретна со неговиот индиски колега Нарендра Моди и порача дека индиските компании се добредојдени да инвестираат во технолошко-индустриските зони во Македонија.

Разговор беше остварен и со државниот секретар на САД, Џон Кери, генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун, како и со повеќе други премиери, министри и извршни директори на компании кои беа присутни на самитот.

Премиерот Груевски и владината делегација за време на престојот во Индија ќе ги посетат и градовите Калкута и Џајпур, каде ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...