fbpx

Прекршочна од Ѓорѓиевски за Комунална, тие тврдат дека чистат

-

Во главниот град, во текот на летото кое е во полн ек, многу локации се полни со смет. Јавното претпријатие Комунална хигиена не успева да го исчисти, што го прави проблемот со ѓубрето уште поголем и со кој надлежните веќе подолг период потешко се справуваат.
Проблемот за ѓубрето повторно го актуелизираше Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на општина Кисела Вода, кој денеска, лут поради неодговорноста на институцијата Комунална хигиена, поднесе прекршочна пријава, поради тоа што, како што наведе во неговата објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, Скопје не смее да биде жртва на неспособноста на надлежните.

Фото: објава на Орце Ѓорѓиевски градоначалник на општина Кисела Вода социјлната мрежа „Фејсбук“

Во летниот период, поради високите температури, од ѓубрето кое не се чисти на одредени локации, се шири непријатна миризба. Не е реткост сликата со преполни контејнери, како и ѓубре оставено околу нив.
Како што оценува Ѓорѓиевски, ова е резултат на несовесното работење на претпријатието Комунална хигиена и на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, кои се надлежни за хигиената во главниот град.

Фото: објава на Орце Ѓорѓиевски градоначалник на општина Кисела Вода социјлната мрежа „Фејсбук“

Претходното лето, градот го имаше истиот проблем со справувањето на сметот, кој се провлекуваше со месеци – од борба за политичко поентирање, па сè до палење на дивата депонија позади спортската сала „Борис Трајковски“ во Карпош.
Граѓаните кои минатата годинa поддржани од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски решија да го исчистат сметот во градот, беа сопрени од градските власти, а Ѓорѓиевски се здоби од парична казна во вредност од речиси речиси 90.000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода.
Во Комунална хигиена денеска остро реагираа на објавата на градоначалникот. Оттаму ги обвинуваат несовесните граѓани кои што ја загадуваат животната средина. Тие уверуваат континуирано рачно и машински метат во Кисела Вода, како и дека машински ги мијат булеварите и улиците со автоцистерни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...