Ако се уморите одејќи пешки, можете да се одморите на уличниот мебел фрлен во Чаир

На граѓаните веќе им е преку глава, а надлежните никако да најдат решение за овој проблем, пишува Порталб.мк

-

Чаир се гуши од малите депонии со инертен отпад кои никнуваат насекаде околу контејнерите. На граѓаните веќе им е преку глава, а надлежните никако да најдат решение за овој проблем, пишува Порталб.мк.

Иако на некои места контејнерите се исчистени од секојдневниот отпад, околу нив има различен отпад како софи, душеци итн.

Ваквиот отпад го попречува слободното движење на пешаците, но и на моторните возила.

Фото: Порталб.мк

Граѓаните кои ги сретнавме во Чаир бараат надлежните веднаш да преземат мерки и да го исчистат овој отпад.

Еден граѓанин ни рече дека овој проблем е присутен низ цел Чаир.

„Свој дел од вината имаат и граѓаните, но претпријатието „Комунална хигиена“ не го собира редовно сметот. Градоначалничката на Скопје мора да преземе итни мерки за решавање на овој проблем“, рече тој.

Фото: Порталб.мк

Слично мисли и Кадрије Мамути.

„Граѓаните треба да внимаваат каде го фрлаат отпадот, но и општина Чаир да преземе брзи мерки за решавање на овој проблем“, рече Мамути.

И друг граѓанин го изрази својот револт – тој вели дека институциите се виновни.

„Не разбирам зошто една држава не може да најде подолгорочно решение за да го реши проблемот со отпадот во оваа населба. Речиси секојдневно се соочуваме со овие неправилности и отпад кој се фрла насекаде. Државата треба да преземе мерки за овие проблеми и овој проблем да се реши еднаш засекогаш“, рече тој.

Фото: Порталб.мк

Нехат Амети пак истакна дека во вакви случаи треба да има казнени мерки.

„Ситуацијата со отпадот во Чаир е вистинска катастрофа. Чистењето на улиците и собирањето смет не се прави како пто треба. Свој дел од вината имаат и граѓаните, но ние плаќаме секој месец и дел од нашите пари одат за градот Скопје. На крај на краиштата, тие што фрлаат отпад на погрешни места треба да бидат казнети. Како чесен граѓанин кој редовно плаќа, не заслужувам да шетам низ улици полни со отпад“, рече Амети.

Од Општина Чаир одговорноста ја префрлија на  „Комунална хигиена“.

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ има свои пунктови во секоја општина на град Скопје, и според тоа вршат п собирање и доставување на отпадот“, велат од Општина Чаир.

Од Јавното претпријатие „ Комунална хигиена“ не одговорија на новинарски прашања од Порталб.мк.

Инаку, прашањето за отпадот беше една од темите на средбата на раководството на Град Скопје и Владата на РСМ, кои и натаму меѓусебно се обвинуваат наместо да изнајдат решенија за проблемите.

Агенцијата за катастар на недвижности со кампања во борба против корупцијата

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности вели дека ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата. Од...