fbpx

Уставниот суд поведе постапка за Законот за државна помош за новороденчиња

Судот со мнозинство гласови изрази сомнеж во усогласеноста со уставните одредби на законското решение државата да дава парична помош само за прво и второ новородено дете, со што ги дискриминира следните родени деца во семејството

-

Уставниот суд соопшти дека повел постапка за оценка на уставноста на одредби од Законот за заштита на децата кои се однесуваат на државна помош за новороденчиња.

Конкретно, Судот со мнозинство гласови изразил сомнеж во усогласеноста со уставните одредби на законското решение државата да дава парична помош само за прво и второ новородено дете, со што ги дискриминира следните родени деца во семејството.

Според Уставниот суд, спорни се одредени делови од членот 36 на овој закон, каде можат да се најдат термините „прво и второ“ дете, а се однесуваат на новороденчиња, како што може да се види во делови од третиот став и во целиот втор став.

„За прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш“, гласи спорниот втор став од овој член.

Со оваа одлука на Судот, се влегува во следната фаза во која ќе ја оценува уставноста на оспорените одредби и нивната усогласеност со членот 8, кој се однесува на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународните права и утврдени во деветтиот член на Уставот, како и членот 42 кој гарантира посебна заштита на децата.

Овие законски одредби се однесуваат на социјални загрозени семејствата, односно тие кои во последните три месеци пред да поднесат барање за помош за новороденче имаат вкупен просечен приход понизок од минималната нето-плата која била утврдена годината претходно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата...