Пожарот во Македонски Брод навлезе во ловиштето Јасен, активни се уште 9 пожари

Во гаснењето на пожарот учествуваат и вработени во ловиштето Јасен, а вториот крак од пожарот се движи кон селото и рибникот Белица и таму во гаснењети се вклучени ер трактори

-

Пожарот во Македонски Брод кој гори повеќе од 24 дена со еден крак е навлезен во ловиштето Јасен, соопшти денеска директорот на Центарот за упраување со кризи, Стојанче Ангелов.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и вработени во ловиштето Јасен, а вториот крак од пожарот се движи кон селото и рибникот Белица и таму во гаснењети се вклучени ер трактори.

Ангелов соопшти дека од вчера повторно е активен пожарот во Пехчево и се сомнева дека тој е подметнат.

„Тоа е пожар за кој имам перцепција дека е намерно подметнат. Национални шуми постојано имаа стража, но новиот пожар избувна само 50 метри од претходниот појас, внатре во боровите, брзо се разви, во квалитетна борова шума, но постои опасност да влезе во букова шума. Тој се гасне со 2 хеликоптера, а на овој пожар активно учествуваат и пожарникари од Кочани и од Кавадарци, а градоначалникот на Пехчево ја врши координацијата“, вели Ангелов.

Паника е настаната и за пожарот во Новаци, околу РЕК Битола, а чадот се гледа дури и од градот Битола. Ангелов вели дека таму гори трева, грмушки и неквалитетна  вегетација.

До 15 часот во земјава имало 16 пожари на отворено, од кои 10 се активни, четири се ставени под контрола а два се изгаснати.

„Но, до вечер сигурно пак ќе дојдеме до бројка од 40 пожари“, вели Ангелов.

Во јули во земјава имало 765 пожари на отворен простор, меѓу нив и шумски пожари, додека во август просекот е 40 пожари на отворен простор дневно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...