Ребаланс на буџет: Над 4 милијарди денари за плати, над 5 милијарди за пензии

Вкупните расходи се планирани на ниво од 362,8 милијарди денари или повисоко за 5,6%, односно за околу 19,2 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година

-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 година, којшто од денеска е на дневен ред на пленарна седница во Собранието, значи обезбедување ликвидност за сервисирање на сите обврски до крајот на годината, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Средства, како што рече министерката, има за зголемени пензии за пензионерите, за исплата на стекнатите права на работниците и раст на платите, за исплата на доспеаните обврски кон стопанството.

Вкупните приходи со ребалансот се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари или повисоко за 2,6%, односно за околу 8 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 362,8 милијарди денари или повисоко за 5,6%, односно за околу 19,2 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година. Врз основа на ревидираните проекции на приходи и расходи, дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4% на 4,9% од БДП.

Со ребалансот се обезбедени дополнителни 4,2 милијарди денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за исплата на пензии, 800 милиони денари за исплата на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, 1 милијарда денари за ТИРЗ зоните,1,7 милијарди денари за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за исплата на стипендии, 300 милионии денари за блок дотации, дополнителни 0,8 милијарди денари за исплата на камати кон домашни меѓународни кредитори, 5,1 милијарда денари за исплата на гаранции, кои претпријатијата до крајот на 2024 година година сукцесивно треба да ги вратат и уплатат средствата во Буџетот на државата.

Исто така, со ребалансот се обезбедени 6 милијарди денари за локални инфраструктурни проекти, како и капитални расходи во висина од 44,7 милијарди денари кои се наменети за инвестиции во реконструкции и модернизација на јавните здравствени установи, капитални инвестиции во областа на образованието, детската и социјалната заштита, во областа на патната, железничката и комуналната инфраструктура, исполнување на договорите во областа на одбраната и безбедноста, како и за рурален развој.

Со Ребалансот на Буџетот економскиот раст е ревидиран на 2,1 % од претходно проектираниот 3,4%, додека стапката на инфлација е проектирана на 3,5%.

„Целта на овој ребаланс е да најавиме на некој начин и по која линија ќе ја водиме фискалната политика во наредниот период. Да креираме буџети во наредните години кои ќе содржат приоритети кои ќе имаат додадена вредност, приоритети кои ќе дадат најдобар ефект за потрошените пари на граѓаните. Политики кои ќе не водат напред и кон подобро утре. При тоа да ја имаме предвид и потребата од фискална консолидација, за постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг“, посочи Димитриеска-Кочоска.

Расправата по Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 година на пленарната седница трае најмногу три дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики...