fbpx

Пожар избувнал во афроамериканска црква во Јужна Каролина

-

Голем пожар денеска избувнал во црнечка црква во американската сојузна држава Јужна Каролина, проследен во серијата пожари на верски објекти во служба на афроамериканската заедница, јавуваат американските медиуми.

Извори од федералните служби, за медиумите соопштиле дека пожарот не бил подметнат, односно дека првичните сознанија од истрагата велат дека огнот не бил намерно предизвикан.

Станува збор за седма запалена афроамериканска црква во јужниот дел на САД, откако вооружен напаѓач уби девет луѓе во црква во градот Чарлстон, пред две недели.

Црквата во која избувнал пожарот се наоѓа во Гриливил, гратче околу 100 километри оддалечено од Чарлстон.

Инаку, црквата пред 20 години била запалена од лица поврзани со „Кју Клукс клан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...