fbpx

Повлечена стражата пред амбасадата во која престојува Асанж

-

Британската полиција ги повлече своите припадници од пред амбасадата на Еквадор во Лондон, во која престојува основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, од 2012 година, соопшти лондонската полиција.

Полицијата држеше постојана стража пред амбасадата откако Асанж таму побара азил во 2012 година за да избегне испорачување на Шведска поради обвинување за сексулани напади кои тој ги негира.

Полициската стража пред амбасадата беше делумно контроверзна и поради трошоците. Лондонската градска полиција проценува дека операцијата чинела 11,1 милион фунти до април оваа година. Полицијата наведе дека постојаното присуство „веќе не е сразмерно“, но дека и понатаму ќе се трудат да го уапсат Асанж.

– Ниту една тактика не гарантира успех, во случај Асанж да ја напушти амбасадата, полицијата ќе примени разни отворени и прикриени тактики за да го уапси – се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...