fbpx

Повеќе од 200.000 компании затвориле поради грчката финансиска криза

-

Од почетокот на кризата до денес, во Грција клуч на врата ставиле 244.712 компании. Бројките ги пренесува весникот „Катимерини“, повикувајќи се на официјални извештаи и на проценки на Европската комисија, забележувајќи дека само во 2015 година од официјалните извештаи „снемало“ дури 16.000 компании, кои биле пребројани и регистрирани како постоечки во 2014 година.

Причините за затворањето се, главно, банкрот на компаниите, нивно затворање поради кризата или, пак, заминување од државата и отворање нови компании во странство. Меѓу „исчезнатите“ компании се и голем број странски мултинационални компании и трговски синџири, кои поради кризата и намалената куповна моќ на народот се повлекоа целосно од грчкиот пазар или ги предадоа акциите само на грчки компании.

Според „Катимерини“, бројките покажуваат на национална катастрофа што се однесува до бизнис-секторот. Во 2008 година, европските извештаи покажувале дека во Грција се регистрирани 856.685 компании, додека во 2015 година тие бројки паднале на 613.973 компании.

Со затворањето на компаниите, дури 842.670 вработени ги изгубиле своите работни места во периодот од 2008 до крајот на 2015 година.

Ударот од кризата зафатил компании од сите сектори. Од 2008 до 2015 година, во градежништвото се затворени повеќе од 89.000 компании, затвориле 65.000 трговци, а во туристичко-угостителскиот сектор од 103.886 компании лани бројката паднала на околу 75.000 компании.

Стравувањата се дека како што продолжува кризата и најавата за нови мерки, без најави за нови инвестиции, истата судбина ги чека и илјадници други грчки компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...