Маичката со логото на Специјалното јавно обвинителство, освен што се носи на градските улици, отиде и на Кораб со планинарската акција за искачување на Корабски Водопад.

Во текот на искачувањето, планинарите беа следени од дожд, снег и од ниска температура.

Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 метри, а долната е на надморска височина од 1.950 метри.

Корабски Водопад се наоѓа во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб.