fbpx

Потонати рибарски мрежи во должина од 12 километри извадени од Охридското Езеро

-

Нуркачкиот центар „Амфора“ спроведе акција за вадење на заостанати потонати мрежи (духови) од дното на Охридското Езеро, при што беа извадени вкупно 230 рибарски мрежи со должина од околу 12 километри.

„Заостанати потонати мрежи (духови) во Охридско Езеро претставуваат голема опасност за живиот свет во езерото. Станува збор за потонати мрежи, кои прават штета не само на рибниот фонд туку и на други живи компоненти. Загрозени се и пастрмките кои поради нивната специфика и биологија на однесување, кога еднаш ќе се најдат во овие мрежи на нивните рибни пловишта нема повеќе да доаѓаат, ниту да вршат природен мрест“, информираат од таму.

Мрежите биле лоцирани со визуелна детекција и со употреба на ехо сонар, а потоа следувало врзување и подигнување на брод со помош на витло и подводни лифтови.

„Нуркачите од „Амфора“ работеа во екстремни услови на температура на вода од осум степени на длабочина од 30-40 метри, во ограничена видливост и големи струења на водата. На места постоеше голема опасност од заплеткување на нуркачите. Скелети од риби, школки, изумрени единки, остатоци од птици, ракови, краби ова е само дел од се она што можеше да се види во извадените мрежи,“ се додава во соопштението.

Вадењето на заостанатите мрежи било спроведено со финансиска подршка на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, а имплементиран од ГИЗ.

Во реализација на проектот учествувале екипи од Хидробиолошки завод од Охрид и професионални нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора.“

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...