fbpx

Поштар осомничен дека присвојувал пари од штедни книшки и од сметки

-

Поштар, вработен во гевгелиската подружница на „Македонски пошти“, е осомничен дека од две лица присвоил пари, кои тие ги уплатиле на своите штедни книшки.

Како што информираат од полицијата, против поштарот Б.Б. (44) била поднесена пријава за седум кривични дела фалсификување или уништување деловни книги, за четири кривични дела послужување во службата, две проневера во службата и за едно дело затајување.

Делата за кои се товари, поштарот ги извршил во периодот од 2013 година до јануари 2015 година.

Според полицијата, тој на двапати присвоил околу 90.000 денари што требало да ги уплати на штедните книшки на двајца клиенти, но наместо тоа, ги присвоил за себе, а во книшките внел невистинити податоци.

Од полицијата информираат дека, исто така, осомничениот повеќепати присвоил пари што граѓани ги уплатувале за смеки, фалсификувајќи ги потписите во уплатниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...