Фото: Арбнора Мемети

Пандемијата Ковид-19 е нова состојба не само за институциите што се справуваат, без разлика дали се глобални или локални, туку и за самите граѓани. Справувањето со пандемијата не е лесно за ниту една од страните, но уште потешко ја прави збунетоста и хаосот што ја предизвикуваат дезинформациите во јавноста, пишува Порталб.мк.

Како што се очекуваше, вториот бран на ширење на Ковид-19 силно пристигна на есен. Откривањето и спречувањето на ширењето на овој вирус во есенската сезона станува уште потешко поради сличноста на овој вирус со сезонскиот грип. Симптомите на Ковид-19 и сезонскиот грип може да бидат слични, но научните факти појаснуваат дека станува збор за две различни заболувања.

Зошто Ковид-19 и грипот не се иста работа?

Брзината на пренесување е важна точка што прави разлика помеѓу двата вируси. Грипот има пократок период на инкубација (од моментот на инфекција до појавата на симптомите).

Децата се категорија најпогодена од грип и најголеми пренесувачи на овој вирус. Во однос на Ковид-19, децата се помалку погодени од возрасните. Податоците од студиите покажуваат дека децата се заразени од возрасни и не обратно. Додека опсегот на симптоми за двата вируси е сличен, развојот на болеста варира. За Ковид-19, досегашните податоци покажуваат дека 80 проценри од инфекциите се благи или асимптоматски, 15 проценти се тешки, инфекции кои бараат кислород и 5 проценти се критични инфекции кои бараат вентилација.Најризични се децата, бремените жени, старите лица и лицата со хронично заболување.

Што се однесува до Ковид-19, најзагрозени се старите лица и лицата кои страдаат од хронични заболувања. Смртноста кај Ковид-19 се чини дека е поголема отколку кај грипот, особено кај сезонскиот грип.

Написот со наслов „СКАНДАЛ! Најпознатите италијански лекари откриваат шокантни детали, откриваат зошто коронавирусот е најголемата измама во историјата: Вирусот не уби ниту една личност. Еве кој носи смрт (ВИДЕО) “ е објавен во неколку портали на албански јазик во нашиот регион и е објавен стотици пати на приватни профили на социјалните мрежи. Според анализата на интеракцијата на Фејсбук, од страницата на која е објавен овој напис, тој бил дистрибуиран 300 пати.

По неколку дена, истиот напис е повторно објавен со некои дополнителни податоци на заговор. Само од личниот профил на еден поединец на Фејсбук, вториот дел од овој напис е дистрибуиран околу 120 пати, додека предизвикал дебата со десетици коментари.

Овие написи, без научна основа и без проверени извори, се објавуваат стотици пати на социјалните мрежи и манипулираат со јавното мислење.

И покрај ова, преовладува уверувањето дека новата пандемија со која се соочува целиот свет е само обичен грип. Скоро насекаде се слуша ваквата теорија или пак се среќава во многу коментари и објави на социјалните мрежи. „Нема нов вирус, тој е само обичен грип“, „никој реално не умира од вирусот“, „луѓето во нашите болници ги убиваат“.

Недостатокот на основни елементи на новинарски напис не е пречка, написот дека некои италијански лекари откриле големо откритие, но во ниту еден момент не се споменуваат имињата на лекарите и нивното академско потекло, да го прочитаат илјадници луѓе и да ги информира неправилно. Написот не одговара и на петте новинарски прашања (Зошто, каде, кога, како, што). Всушност, овој напис првично беше дистрибуиран во италијанските медиуми и предизвика многу полемики. Теоријата што ја пренесува овој напис е демантиран од италијанските медиуми.

Како се шират лажните вести?

Сите ние сме изложени на огромна количина на информации за Ковид-19 на дневна основа, и не сите се доверливи. Затоа, многу е важно да имате предвид некои елементи кога читате статија. Не треба да станеме жртви на сензационални наслови, треба да ги провериме фактите, да ги разгледаме изворите користени во написот и да бидеме информирани во веродостојни медиуми за вести.

Дезинформациите се многу опасни за јавноста, има случаи кога дезинформациите можат да бидат причина за погрешни постапки на поединецот и последиците да бидат фатални. Затоа, задачата на новинарот во вакви околности е многу важна. Според етичкиот кодекс за новинари:

„Начинот на обезбедување на информации во случаи на катастрофи, природни катастрофи, војни, семејни трагедии, болести, судски процеси мора да биде ослободен од сензационализам.„