fbpx

Поради пожар евакуирани 4.500 жители во Чиле

-

Од крајбрежните градовите Валпараисо и Виња дел Мар во Чиле евакуирани се повеќе од 4.500 жители поради голем шумски пожар.

Чилеанскиот заменик-министер за внатрешни работи, Махмуд Алеви, изјави дека пожарот се шири со голема брзина и не е исклучено во следниот период бројот на евакуирани лица да достигне до 16.000.

Шумските пожари се вообичаена појава во Чиле во овој период од годината, имајќи предвид дека на јужната земјина хемисфера сега е лето.

Во пожар во реонот на Валпатаисо во 2014 година загина 13 лица и беа уништени повеќе од 2.000 куќи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...