fbpx

Од циклонот Пам загинаа 53 лица

-

При удар на тропскиот циклон Пам врз островите во јужниот дел на Тихиот Океан загинаа најмалку 53 лица.

Силниот ветер, проследен со пороен дожд, предизикал големи бранови, високи и по неколку метри. Пам со несмалена жестина се движи во правец југ-југоисток, кон Нов Зеланд.

Австралиското радио „Еј-Би-Си“ јави дека од циклонот најтешко е погодена островската држава Вануату, од каде се и 52 од загинатите. Само во северниот дел на архипелагот загинале 44 луѓе, а во главниот град Порт Вила животите ги загубиле уште осум други лица.

Едно лице загина и на Папуа Нова Гвинеја, кога дрво откорнато од силниот ветер паднало врз неговата куќа.

Претставник на службата на ОН за координација на хуманитрани активности изјави дека конечниот биланс на жрвите може да биде уште поголем.

Сите комуникациски врски на Вануату се во прекин, а најголем дел од архипелагот нема ниту струја, ниту вода за пиење.

Циклонот ги погоди и Соломонските Острови и Фиџи.

Поради циклонот, откажани се сите летови во регионот, бродовите останаа вкотвени во пристаништата, а продавниците и јавните институции се затворени.

Пам вчера прерасна во циклон од петта категорија, достигнувајќи брзина на ветерот во неговото жаритше од 230 килметри на час.

Австралискиот метеоролог Сејмон Алан изјави дека Пам е еден од најмоќните циклони што ја погодил јужната земјина хемисфера во досегашната историја на метеролошките мерења.

Сезоната на тропски циклони во јужниот Пацифик трае од почетокот на ноември до крајот на април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.