fbpx
Таг: циклон

таг: циклон

Циклон го погоди Мадагаскар, шест лица загинаа

Најмалку шест лица загинаа, тројца се повредени, а 13.000 се раселени откако циклон го погоди источниот дел на Мадагаскар, соопштија властите. Тропскиот циклон Ава поминал низ Мадагаскар во петокот и саботата, погодувајќи ја источното крајбрежје на островот со ветрови со брзина помеѓу 140 и 190 километри на час. Во циклонот кој во март минатата година го погоди Мадагаскар, загинаа 50 лица,...

Евакуирани 350.000 луѓе во Бангладеш поради циклонот Мора

Најмалку 350.000 лица се евакуирани во Бангладеш поради циклонот Мора, кој придружен од пороен дожд и од силен ветер го погоди југоисточниот дел на земјата. Властите најавиле можна евакуација на уште 700.000 лица. Засега нема податоци за евентуални жртви, но циклонот значително ги оштетил бегалските капови на народот Рохинги. Се очекува циклонот, кој предизвика свлечишта во Шри Ланка и усмрти 180...

Силен циклон го погоди североисточниот брег на Австралија

Силен циклон, со брзина на ветерот и до 260 километри на час, денеска го погоди североисточниот брег на Австралија, уривајќи огради, покриви и дрвја, а околу 10.000 куќи останале без струја, јавуваат светските медиуми. На удар на циколнот Деби, кој преминал во четврта категорија, првин се нашол тропскиот брег на австралиската држава Квинсленд, соопштило австралиското биро за метеорологија. Најтешко било погодено популарното...

Циклонот Вардах усмрти 10 лица во Индија

Најмалку 10 лица загинаа на југот на Индија во налет на циклонот Вардах, поради кој се евакуирани неколку илјади лица, соопштија индиските власти. Циклонот кој дувал до 140 километри на час, корнел дрвја и предизвикал прекин со снабдувањето со електрична енергија. Локалната метеоролошка служба соопшти дека Вардах е најлошиот циклон во последните 20 години кој го погодил градот Ченај, познат по...

УХМР: Циклонот што ќе ја зафати Македонија може да донесе невреме

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека циклонот кој доаѓа од Медитеранот може да донесе ново невреме денеска и во наредните денови. - Попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно,...

Евакуирани два милиони луѓе во Бангладеш поради циклон

Властите во Бангладеш евакуирале речиси два милиони луѓе поради циклонот кој се очекува викендов да ја погоди земјата, јавуваат светските агенции. Како што е соопштено, циклонот се очекува да пристигне денеска вечерта, а мерките на претпализвост се подигнати и во соседните држави, Индија и Мијанмар. Оваа недела, во циклонот што ја погоди Шри Ланка животите ги загубија 150 лица, а...

Во циклонот што го зафати Фиџи загинаа 42 лица

Бројот на загинати во циклонот кој изминатиот викенд го погоди Фиџи е зголемен на 42. Винстон кој е најсилен циклон забележан во јужната хемисфера, уништил голем број на домови и предизвикал тешко оштетување на инфраструктурата. Според податоците на Метеоролошката служба, ударите на циклонот достигнале 285 километри на час, што го прави најсилно невреме забележано на Фиџи.

Циклонот Пам се доближува до Нов Зеланд

Тропскиот циклон Пам продолжува да се движи кој југ и се приближува до Нов Зеланд. Откако циклонот кон крајот на минатата недела ја опустоши тихоокеанската држава Вануату, неговата брзината почна да се намалува. Во неколку градови има прекин на снабдувањето со електрична енергија. Претседателот на Вануату, Болдвин Лонсдејл, изјави дека циклонот разурнал 90 проценти од зградите во главниот град Порт Вила, шест...

Од циклонот Пам загинаа 53 лица

При удар на тропскиот циклон Пам врз островите во јужниот дел на Тихиот Океан загинаа најмалку 53 лица. Силниот ветер, проследен со пороен дожд, предизикал големи бранови, високи и по неколку метри. Пам со несмалена жестина се движи во правец југ-југоисток, кон Нов Зеланд. Австралиското радио „Еј-Би-Си“ јави дека од циклонот најтешко е погодена островската држава Вануату, од каде се и...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...