Обезбедувањето на МРТВ упадна во „Сто тројка“

Обезбедувањето на МРТВ синоќа упадна во емисијата на радиото „Канал 103“ и на водителот му побара лична карта.

Директно се слушна и во програмата како обезбедувањето на водителот му наредува да оди пред него и покрај тоа што веќе му даде лична карта и му објасни дека програмата се емитува во живо.

Обезбедувањето упадна по поканата од радиото до Стојанче Ангелов да биде гостин на емисијата, но на влезот на телевизијата не му го дозоволија тоа.