fbpx

Силен циклон го погоди североисточниот брег на Австралија

-

Силен циклон, со брзина на ветерот и до 260 километри на час, денеска го погоди североисточниот брег на Австралија, уривајќи огради, покриви и дрвја, а околу 10.000 куќи останале без струја, јавуваат светските медиуми.

На удар на циколнот Деби, кој преминал во четврта категорија, првин се нашол тропскиот брег на австралиската држава Квинсленд, соопштило австралиското биро за метеорологија.

Најтешко било погодено популарното туристичко место Ерли Бич, островот Витсанд, каде ветерот носел покриви од куќи и корнел палми.

Едно лице било повредени по уривање на ѕид во градот Просерпин, соопштил полицискиот комесар во Квинсленд, Јан Стјуарт.

Австралиските власти предупредиле дека невремето, кое бавно се движи, ќе трае неколку часа пред да го намали интензитетот.

Се очекува невремето да зафати места во должина од 300 километри од североисточниот брег.

„Очекувам до крајот на денот да видиме голема штета на инфраструктурата на патот на циклонот“, изјавил Стјуарт.

Околу илјада лица од пониските подрачја, поради циклонот вчера биле евакуирани. Денеска без струја останале повеќе од 50.000 куќи, а стотина училишта биле затворени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...