Политичките партии упатија честитки за Св.Кирил и Методиј

-

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на граѓаните им го честитаа 24 Мај – Денот на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

– Нивното дело е сè уште живо и остави вечен белег во културата, традицијата и во посебноста на сите словенски народи. Нивната света мисија за просветувањето и за продуховување на словенските народи во Европа, е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност – се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, смета дека овој ден претставува потстетник на нивната суштинската и историска улога за македонскиот народ и во создавањето на универзалните придобивки, како што се писменоста, обединувањето и просветлувањето на словенските народи.

– Преку својата благородна и просветителска дејност на овие простори, браќата Кирил и Методиј ја направија Македонија лулка на словенската култура и писменост, испишувајќи ги со тоа најсветлите страници од македонската историја. На овој ден, ја испраќаме пораката дека ќе го вратиме заслуженото место на делото и значењето на сесловенските просветители Кирил и Методиј и на нивните ученици, чија голема улога во поставувањето на темелите на јазикот, а со тоа и на културата и на идентитетот, заслужува достојна и непресушна почит од сегашните и од сите идни генерации во Македонија – се вели во честитката на Зев.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во честитката до граѓаните вели дека посветеноста на Кирил и Методиј кон преводот на библиските текстови ги отвори портите на нови знаења и на сеопшт развој на многу народи низ Европа и пошироко.

– Светите браќа Кирил и Методиј и нивното епохално и цивилизациско дело се придонес за македонскиот народ и за народите што ги негуваат словенските културни особености. Наша е гордоста што нашите предци благодарение на светите браќа Кирил и Методиј добија можност на свој разбирлив јазик да ги примат и шират христијанските вредности – стои во честитката на Вељаноски.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...