Поднесени пет кривични пријави за предизвикување на пожари во битолско

Четири физички и едно правно лице добија пријави за предизвикување на пожари во периодот од јуни до септември годинава

-

До Основното јавно обвинителство, СВР Битола поднесе пет кривични пријави против четири физички и едно правно лице за предизвикување на пожари во периодот од јуни до септември годинава. Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д. (70) од Битола, бидејќи во јули запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, со цел да уништи инсекти, кој потоа се проширил и во соседните ниви. Кривична пријава доби и Т.И.(27) од с.Кременица, бидејќи запалил стрниште и со тоа сторил кривично дело предизвикување општа опасност.

Правно лице доби кривична пријава бидејќи во с. Стрежево од искрење на жици од бандера во негова сопственост е предизвикан пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја. Поднесена е кривична пријава против Р.Р.(58), бидејќи во август запалил плевна во с. Црнеец, а потоа огнот се проширил и во околината каде горела сува трева. СВР Битола исто така, поднесе кривична пријава и против П.Б. (46) од Битола, заради тоа што запалил скара во близината на неговото лозје и истата ја оставил неизгасена, со што предизвикал пожар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...