Утринава во околу пет часот беше запалено возило „ауди а7“ на паркингот на улицата Христо Татарчев во Општина Кисела Вода. Чад и пукање на стакла ги разбуди граѓаните, дознава Мета.мк.
Изгорени се и две други околни возила.
Според информации кои ги доби Мета.мк, возилото е во сопственост на суспендиран полициски службеник од Куманово.
Овој инцидент доаѓа помалку од две недели по пожарот во Расадник.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за Мета.мк најави дека ќе се разговара за засилени полициски патроли.