До Основното јавно обвинителство, СВР Битола поднесе пет кривични пријави против четири физички и едно правно лице за предизвикување на пожари во периодот од јуни до септември годинава. Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д. (70) од Битола, бидејќи во јули запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, со цел да уништи инсекти, кој потоа се проширил и во соседните ниви. Кривична пријава доби и Т.И.(27) од с.Кременица, бидејќи запалил стрниште и со тоа сторил кривично дело предизвикување општа опасност.
Правно лице доби кривична пријава бидејќи во с. Стрежево од искрење на жици од бандера во негова сопственост е предизвикан пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја. Поднесена е кривична пријава против Р.Р.(58), бидејќи во август запалил плевна во с. Црнеец, а потоа огнот се проширил и во околината каде горела сува трева. СВР Битола исто така, поднесе кривична пријава и против П.Б. (46) од Битола, заради тоа што запалил скара во близината на неговото лозје и истата ја оставил неизгасена, со што предизвикал пожар.